Италија
Крос го избра италијанскиот тим кој најмногу би му прилегал: Мислам дека добро би „легнал“ кај нив
Тони Крос доби награда „Златен маж“ од „Тутоспорт“ за остварени спортски заслуги на европската и светска фудаблска сцена, а угледниот италијански медиум го искористи овој момент за да направи и кратко интервју за легендарниот Германец.
Иако играше во врвна форма, Тони реши да се повлече од професионалното играње фудбал и да се пензионира на само 34-години, пред се поради успеа да освои се што можеше да се освои во Реал Мадрид, но и поради фактот што сакаше да си замине додека игра на највисоко ниво.
Крос веќе неколку месеци е „пензионер“ и работи на реализирање на неколку бизнис идеи кои се поврзани со фудбалот, а тоа прави често да ги следи и случувањата на европската сцена.
Германецот во интервјуто за „Тутоспорт“ открива дека во минатото добивал понуди од големи италијански клубови, но кога доби прашање за кој тим би играл во овој момент, Крос интересно го избра Интер.
– Имаше интерес од повеќе клубови од Серија А додека играв во Шпанија, но јас никогаш не помислив да го напуштам Реал Мадрид. Отсекогаш сум го сакал италијанскиот фудбал, но Реал е Реал.
– За кого би сакал да играм во Италија ако не сум пензиониран? Тешко е да се избере еден кога не ги знаете опкружувањата, но во овој момент, мислам дека би прилегал во Интер. Мислам дека добро би „легнал“ во нивниот тим. Играат мирно и со голема самодоверба и изгледаат навистина силно и зрело како тим, – потенцира Крос.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…