Поврзете се со нас

Шпанија

Крос ги промени среќните копачки после десет години и го привлече вниманието на камерманите (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос е симбол за успех и фантастичната форма прави да биде клучен играч за Реал Мадрид и во оваа фаза од кариерата, но поради начинот на кој игра, искусниот фудбалер изминатиов месец се врати и во репрезентацијата.

Крос планира да игра на Европското првенство и да биде големо засилување за тимот на Јулијан Нагелсман, но исто така е во завршни преговори со Флорентино Перез за продолжување на соработката на уште една година.

Иднината на Крос е тесно поврзана со „кралевите“ и во овој момент никој не може да го замисли тимот на Карло Анчелоти без Германецот во стартната постава, но покрај сите добри работи по кои се издвојува, Германецот изминатите десет години беше и вистински фудбалски уникат поради едно суеверие.

Крос носеше ист модел на копачки на сите натпревари и на тренинзите на Реал Мадрид и истите му донесоа многу среќа, но сега после цела деценија, Тони денеска се појавил со други копачки.

Всушност, станув збор за истиот модел на „Адидас“, но наместо сини ленти, новите копачки имаат златни детали……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни