Поврзете се со нас

Германија

Крос ги прогнозираше шампионите во Шпанија и Германија: Предвидува црно сценарио за Барса и Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос стави крај на играчката кариера и самиот нагласи дека ужива во пензионерските денови, но и покрај тоа, дел од слободното време и натаму користи за да гледа фудбал.

Легендарниот играч за врска ја заврши кариерата на најдобар можен начин со освоени титули во Ла Лига и Лигата на шампиони, па иако Реал на стартот на сезоната не изгледа убедливо како што беше со него во тимот, Германецот е убеден дека „кралевите“ ќе бидат тие кои ќе се радуваат на крајот.

Во разговорот во подкастот кој го водат со неговиот брат Феликс, Крос направи редослед на топ 3 екипите во шпанската Ла Лига, но и во германката Бундеслига.

Интересно, Крос предвидува црни сценарија за Барселона и Баерн Минхен, типувајќи дека големите великани ќе завршат на третите места во своите национални првенства.

– Секако дека Реал Мадрид ќе биде шампион, немам дилеми околу тоа. Очекувам добра трка за второто место, но верувам дека Атлетико ќе заврши пред Барселона.

– Во Германија очекувам титулата да ја одбрани Баер Леверкузен. Ако ме прашавте пред пет недели, ќе кажев дека Борусија ќе заврши петта, но после последните активности на трансфер пазарот, велам дека Дортмунд ќе заврши втор пред Баерн, – потенцира Крос.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни