Поврзете се со нас

Шпанија

Крос ги обелодени зборовите со кои Анчелоти го убедил да направи историски трансфер во Реал

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид ја освои толку посакуваната „Ла Десима“ во 2014-та година и оттогаш ја започна својата доминација во Европа во изминатата деценија, но после големиот триумф во финалето со Атлетико Мадрид, малку кој веруваше дека Карло Анчелоти ќе прави промени во средниот ред.

Италијанскиот стручњак беше човекот кој го донесе толку очекуваниот трофеј уште во првата сезона како тренер, а веднаш после тоа се погрижи за реализирање на трансфер кој стана историски.

Тони Крос летото 2014-та година го напушти Баерн Минхен и се пресели во Реал Мадрид по освоената титула на Светското првенство, но токму десет години подоцна се пензионираше како легенда на „кралскиот клуб“, и тоа со шест освоени титули во Лигата на шампиони.

Германецот во интервјуто за „Тутоспорт“ откри дека Карло Анчелоти бил клучниот човек во преговорите со Реал, а воедно ги сподели и зборовите со кои Италијанецот го убедил да се пресели во Шпанија.

– Анчелоти е човекот кој ме однесе во Мадрид. Ме сакаше навистина многу по мундијалот, а тоа беше период во кој Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите.

– Ми кажа дека сака да го однесе тимот на следно ниво и така ме убеди. Не беше лесно да се напушти Баерн Минхен и да се потпише за Реал, но тој ми го олесни работите и ме мотивираше да го направам тоа. Секогаш имав специјален однос со Анчелоти и навистина ми е мило што мојата етапа во Реал ја почнав и ја завршив со него, – потенцира Крос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни