Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Крос ги искритикува своите поранешни соиграчи, па порача: Една работа ќе биде клучна на реваншот со Арсенал

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тони Крос беше дел од неколку неверојатни пресврти кои ги правеше Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а на актуелниот тим на Карло Анчелоти ќе му биде потребно ново европско чудо за да се најде во полуфиналето.

„Кралевите“ беа непрепознатливи во второто полувреме на „Емирејтс“ и примија три гола во својата мрежа, но повеќе загрижија импресиите кои ги оставија неколку големи ѕвезди од првиот тим.

Во својата анализа одиграниот меч во Лондон, но и оној што ќе следи во Мадрид, Крос потенцира дека ѕвездите на Реал се однесувале некарактеристично на првиот натпревар, меѓутоа верува дека „кралевите“ се уште поседуваат доволно ресурси за да се најдат меѓу четирите најдобри.

Крос смета дека клучни на реваншот ќе бидат првите 15 минути, во кои играчите на Реал ќе мора да посеат страв во таборот на противничкиот тим.

– Емотивниот фактор ќе биде клучен на реваншот на „Бернабеу“. Тимот мора да тргне одлучно во првите 15 минути од средбата, тоа ќе биде идеално за да се брка пресврт. Мора да се размрда Арсенал, тим кој нема преголемо искуство во четвртфинале во Лига на шампиони. Мора брзо да им се стави до знаење дека „ништо не е завршено“.

– Што се однесува до првиот меч, после 2:0 изгледаше како се да е загубено. Од моето искуство во Реал, кога сме губеле натпревари, секогаш имало фаза во која сме знаеле дека ќе постигнеме гол. Овојпат не беше така, после секој гол, недостасуваше реакција и тоа беше клучно. Беше важно да се постигне барем еден гол, но играчите на Реал повеќе се грижеа да не примат четврти, – анализира Крос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни