Лига на шампиони
Крос доби интересно прашање за Халанд и Мбапе, одговорот кој го даде стана вирален хит (Видео)

Тони Крос се појави на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар меѓу Аталанта и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а бидејќи Германецот во последно време е еден од најдобрите играчи во преполовениот ростер на Зинедин Зидан, новинарите му ги поставија прашања кои последно кружат во јавноста.
Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд се издвојуваат како имиња со кои би можело да започне подновувањето во „кралскиот клуб“, но Тони Крос вели дека во овој момент тие двајца не му значат ништо, бидејќи не може да се потпре на нив на теренот.
Иако ги пофали како два огромни фудбалски таленти, Крос вели дека поставеното прашање треба да биде доставено на друга адреса, односно на претседателот Флорентино Перез кој е задолжен за најважните операции во клубот.
– Халанд или Мбапе? Двајцата се многу добри, тие сигурно можат да го подобрат било кој тим. Проблемот е што утре не можам да се потпрам на нив, тие не можат да ми помогнат утре на теренот. Јас сум концентриран на тоа што го имаме, оваа тема не е за мене. Ова е прашање за Флорентино Перез, – порача Германецот.
Во продолжение, еден од новинарите го запраша кон кој играч би ја испратил топката доколку има можност за центаршут во последниот напад на едно финале во Лигата на шампиони, по што Германецот даде оригинален одговор:
– Бензема, – одговори Крос, кој во продолжение се осврна и на утрешниот меч во Италија.
– Мора да го правиме она што го правиме во последно време со толку многу отсуства во тимот. Тие кои сме на располагање, мора да го дадеме најдоброто и последниот атом од силите. Мора да бидеме сплотени како и досега. Играме против тим кој игра фантастично во офанзивен поглед, ќе биде комплицирано, но наша цел е да го контролираме мечот со посед на топката, – изјави Крос.

- Шпанијапред 17 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 18 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 15 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити