Шпанија
Кројф за можниот кам-бек на Меси во Барселона: Соништата се бесплатни, но фудбалерите не се!

Лионел Меси е во последната година од договорот со Пари Сен Жермен, па затоа често се говори за неговата иднина и опциите кои се во игра за него во 2023 година.
Една од нив е да ја продолжи соработката со „светците“, друга е да заигра во МЛС лигата, а како трета се споменува Барселона. Многу добро е приказната на Лео со шпанскиот великан и како тие беа принудени да се разделат во 2021 година, па медиумите со помош на некои изјави на претседателот Жоан Лапорта создадоа атмосфера за можен кам-бек на аргентинскиот репрезентативец.
Меѓутоа како што што минува времето станува се појасно дека тоа е невозможно од финансиски причини и тоа го потврди и директорот Жорди Кројф кој беше многу искрен на оваа тема.
-Кога зборуваме за Меси, има многу прашања, како што е (финансискиот) фер-плејот. Соништата се бесплатни, но фудбалерите не се. И не се работи само за Меси, туку општо, цел пазар е таков. Кога ќе помислам на Меси, се потсетувам на моето семејство и на татко ми. Кога двајца великани меѓусебно се прават големи, важно е приказната да заврши со последна прегратка. Како? Кога? Не знам, но можам да кажам, од мое искуство, гледајќи го татко ми, дека таа последна прегратка беше важна и за него и за Барса. Не секогаш покажуваше чувства кон такви работи, а имаше бунтовен и остар карактер. И се помири со Барса… Вау!
-И мислам дека кога е Меси во прашање, важно е еден ден и тој да ја имаа таа последна прегратка, бидејќи и двајцата (Меси и Барса) го заслужуваат тоа и двајцата треба да се потрудат да го остварат тоа, порча Кројф за „Спорт“.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар