Поврзете се со нас

Шпанија

Кројф најави каква реалност ја очекува Барселона во јануарскиот преоден рок

Објавено

на

Жорди Кројф има одговорна функција во Барселона и од неодамна ја извршува улогата на спортски директор, а како важен дел од управата со која раководи Жоан Лапорта сега даде искрена изјава за зимскиот преоден рок кој претстои.

Синот на легендарниот Јохан се обидува да остави своја трага во клубот кој доживеа историска промена со неговиот татко, но како спортски директор многу веројатно е дека нема да има шанса да се докажува во јануарскиот преоден рок.

Кројф во последното интервју за „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ признава дека финансиската ситуација во Барселона се уште е доста сложена, поради што клубот многу веројатно нема да може да си дозволи ниту еден трансфер во јануари.

Иако Чави Ернандес по секоја цена сака да добие засилување на десната бековска позиција, реалноста во овој момент вели нешто друго, особено по големите трансфери кои се направија изминатово лето.

– Претседателот веќе се обрати во јавноста и кажа дека ќе биде тешко да купуваме поради фер-плеј правилото. Вистината е дека ќе биде речиси невозможно да донесеме некој играч.

– Не се работи за тоа дали сме песимисти или оптимисти, во вакви ситуации треба да бидеме реални. Ако не се може, не се може. Ќе продолжиме со играчите кои ги имаме. На Светското првенство имавме 17 играчи од нашиот тим и тоа значи дека овој тим е добар. Ако не може да се купи, ќе се бориме за титулата во Ла Лига со она што го поседуваме во моментов, – вели Кројф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни