Поврзете се со нас

Шпанија

Кркиќ се наврати 15 години во минатото и откри зошто Модриќ не потпишал за Барселона (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Бојан Кркиќ сениор работеше како скаут за Барселона пред 15-тина години, а од една од многуте епизоди кои ги имал како фудбалски визионер, откри дека детално го студирал и актуелниот фудбалер на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Хрватскиот маестро бил на радарот на Кркиќ, по што Србинот решил да го исконтактира Звонимир Бобан за да дознае повеќе за талентираниот фудбалер кој всушност е негов сонародник.

Во ексклузивната програма на „Кадена Сер“, Кркиќ сениор (татко на Бојан кој играше за Барса) и Бобан ја потврдија оваа информација, а притоа Бојан открива зошто Хрватот на крајот не завршил во Барселона.

– Се сеќавам на времето кога ти се јавив за да добијам повеќе информации за Модриќ. Тогаш ти ми кажа дека тој е класична „десетка“ и дека има големи таленти од Балканот. Но, исто така ми додаде дека играчите од Балканот знаат да имаат проблеми со главата.

– Сепак, се сеќавам дека за Модриќ ми рече дека има чиста десетка како играч, но и како човек и личност. Тоа нема да го заборавам, беше на состанок со нас во Барселона, но не потпиша бидејќи тогаш ги имавме Чави и Иниеста. Сепак, и ден денеска се сеќавам на тој разговор со тебе, – му вели Кркиќ на Бобан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни