Поврзете се со нас

Шпанија

Кркиќ: Меси и Роналдо не се добар пример за младите!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Бојан Кркиќ е доста актуелен во Шпанија изминатите неколку дена поради неговиот документарец кој се емитува на „Ракутен ТВ“, а тоа беше добар повод да направи и ексклузивни и опширно интервју за „АС“ во кое даде и една нависитна интересна изјава со која привлече големо внимание.

Кркиќ своите најдобри денови ги имаше во Барселона и најмногу години мина на „Камп Ноу“, но повредите направија да има навистина тежок фудбалски пат и да се пензионира на само 33 години.

Бојан изминатово лето се врати во Барселона и беше ангажиран како координатор во младинските категории, а како човек кој направи кам-бек во матичниот клуб, даде несекојдневна изјава за погрешните примери кои ги гледаат младите фудбалери.

– Документарецот го правам за да покажам дека не е се идеално во фудбалот. Сите мислат дека се е убаво во фудбалот, но има моменти кога многу се страда и кога е потребно да направите големи жртви. Сакав да објаснам што доживеав со повредите. Овој документарец не е само за фудбалските фанови, опфатени се и личните ставови кои според мене треба да покажат дека Меси не е најдобриот пример за младите.

– Меси, Роналдо и Надал не се нормални случаи, тие не треба да бидат пример за младите. Тие се извонредни и без грешка. Успехот е многу повеќе од тоа што тие го остварија, успехот може да се доживее на различни начини. За мене успех е оној на Серхио Каналес. Тој надмина три сериозни операции на коленото и се врати во репрезентацијата. Успех за мене е и тоа што го прави Хоселу. На 33 години доби шанса да игра за Реал Мадрид. Поентата ми е дека успехот треба да се гледа на сите страни, а не само кај најдобрите, – вели Бојан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни