Англија
Кризата во Сити не е единствен проблем за Пеп: Гвардиола ја завршил годината на најлош можен начин (Фото)

Пеп Гвардиола ја има најлошата сезона како менаџер на Манчестер Сити и историската криза направи да го видиме во изданија во кавки го немавме видено, пред се поради гребаниците кои самиот си ги нанесе по натпреварот со Феенорд.
Шпанскиот стручњак очигледно тешко се носеше со притисокот и самиот призна дека не можел ниту во најлошите сценарија да замисли толку катастрофална серија за неговиот тим, но покрај проблемите на професионален план, медиумите од Шпанија сега открија дека Пеп имал голем проблем и во приватниот живот.
После извонреден заеднички живот во кој изградија цело прекрасно семејство, Пеп и неговата сопруга Кристина Сера решиле да стават крај на тридецениската врска, такашто 2024-та година ја заокружиле со развод.
Угледните шпански медиуми уверуваат дека Пеп и Кристија се разделиле пријателски и во најдобри можни услови во текот на месец декември, а притоа побарале од своите најблиски да не даваат било какви изјави за медиумите на оваа тема.
Гвардиола и Кристина водеа заеднички живот од далечната 1994-та година, во 2014-та година направија мала и спонатана венчавка во Минхен, а најголемо богатство од нивната врска се трите деца, Марија, Мариус и Валентина.
#LoMásLeído Pep Guardiola y Cristina Serra se separan tras 30 años de relación https://t.co/K63LQe0ZEb
— MARCA (@marca) January 14, 2025
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!