Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кристијансанд за првпат ја освои титулата во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Ракометарките на Кристијансанд ја освоија титулата во Лигата на шампионите и тоа откако вечерва во големот финале беа подобри од Брест со 34:28.

Норвешкиот претставник се покажа како многу подобар тим во завршниот меч во Будимпешта, го контролираше резултато до почеток до крај и сосема заслужено дојде до првата исторска титула во ова натпреварување.

Кристијансанд на полувреме имаше плус четири (18-14), па многу послободно го одигра продолжението во кое Брест беше под притисок кој не го издржа и во иднина ќе мора да побара друга прилика за да испише нова страница во својата историја.

Рајстад со 12 голови беше најдобар стрелец, кај поразените Грос реализираше осумпати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни