Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кристијансанд и Ѓер ќе се борат за трофејот во ЛШ

Објавено

на

Екипите на Вајперс Кристијансанд и Ѓер ќе играат во завршниот меч за пехарот во женска конкуреција во Лигата на шампионите.

Норвешкиот тим кој воедно е бранител на трофејот во полуфиналето славеше над Мец со 33-27. Французинките водеа минимално со 15-14 по првото полувреме, но по паузата Кристијансанд се наметна, играше на повисоко ниво и дојде до победа која им овозможи утре да можат да дојдат до нова титула.

Лунде со 16 одбрани и Јерабкова со 12 погодоци беа лидери во оваа победа.

Ѓер пак беше подобар од Мец со резултат 32-27 и тоа откако во вторите 30 минути одигра ефикасно во нападот и поцврсто во одбраната. Лејно и Солберг заедно имаа 16 одбрани, Офтедал пак со пет погодоци ја предводеше листата на стрелци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни