Поврзете се со нас

Свет

Кристијано за својата завршна етапа во Реал: Флорентино не се однесуваше баш добро кон мене

Објавено

на

foto: x.com/AlNassrFC

Кристијано Роналдо испиша историја во Реал Мадрид и урна низа рекорди како најдобар голгетер, но кога дојде време да си оди, атмосферата не беше најидеална во шпанската престолнина.

Португалецот во 2018-та година побара да биде продаден од Флорентино Перез и претседателот му овозможи да заврши во Јувентус, а седум години подоцна, Кристијано се уште има свежи сеќавање од променетиот однос на првиот човек на Реал во таа сама завршница.

– Во 2018-та година почувствуав дека е време за нова етапа. Мојата етапа во Реал како играч беше завршена, сакав поинаква мотивација. Не се изморив од Реал, барав само нов предизвик и тоа е она што му го кажав на претседателот. Бевме во фаза на преговори и тој не се однесуваше баш добро кон мене, но јас го сфаќам и тоа, тој секогаш го сака најдоброто за клубот.

– Претседателот во еден момент сакаше да ја прекине операцијата, но јас му имав дадено збор на Јувентус и немаше враќање назад. Без оглед на се, јас неизмерно го почитувам Флорентино, тој е многу сериозна личност. Ме третираше добро и освоивме многу работи заедно.

– Враќање на „Бернабеу“? Зошто да не, не исклучувам такво нешто. Оставив големо наследство таму, кога ќе ја завршам кариерата, може да направиме нешто посебно таму, со 80 илјади фанови на трибините. И ден денеска, навивачите се сеќаваат на тие „Ел Класика“ со мене и Меси, сите зборуваа само за тоа. Тоа ривалство беше навистина возбудувачко, но и здраво за фудбалот, – вели Роналдо во разговорот со Еду Агире.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни