Поврзете се со нас

Свет

Кристијано влезе во ледена када на минус 20 степени (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Cristiano

Кристијано Роналдо им откри на своите следбеници дека го минува Божиќ во Лапонија во друштво на своето најблиско семејство, но и во тешки услови и минусни температури, Португалецот успеа да најде интересен спортски предизвик.

Фудбалскиот ветеран успева да го одржи телото во неверојатна форма и на прагот на 40-та година од животот, а Бадниковата вечер ја искористи за да се презентира во најдобро светло во еден екстремен предизвик.

Играчот на Ал Наср ја користи паузата во Саудиска Арабија за да искуси поларни температури, но самиот решил да отиде и чекор подалеку со температури кои се далеку под нулата.

Роналдо се соблекол гол на минус 20 степени и влегол во ледена када чија температура е минус 2 степени, а видеото од целиот потфат го сподели на социјалните мрежи.

Роналдо дури и му фаќаше сеир на својот син Кристијано Јуниор кој очигледно не сакаше да го следи неговиот пример, а во видеото Португалецот повторува дека планот му е да го повтори истиот предизвик неколку пати.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни