Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кристијано тргна моќно и во ЛШ: Фернандеш испрати фантастична топка, Роналдо го матираше Јанг Бојс (ВИДЕО)

Објавено

на

Кристијано Роналдо имаше совршено деби во дресот на Манчестер Јунајтед минатиов викенд каде даде два гола во победата над Њукасл (4-1), а таа своја добра форма ја пренесе и во Лигата на шампионите каде е стрелец на првиот гол во кампањата 2021-2022.

На Португалецот му беа потребни само 13 минути да го матира Јанг Бојс и тоа по одличното додавање на сонародникот Бруно Фернандеш.

Воедно треба да се напомене дека ова за Роналдо е 177 настап во елитното натпреварување и со тоа се израмни со досегашниот апсолутен рекордер Икер Касилјас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни