Поврзете се со нас

Европски првенства

Кристијано никако да погоди: Роналдо е лидер на негативен ранкинг на ЕП

Објавено

на

Foto:x.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо постигна гол во пенал рулетот на дуелот меѓу Португалија и Словенија, но и натаму останува без класичен погодок на ова Европско првенство во Германија.

Португалците одиграа четири натпревари, веќе стигнаа до четвртфиналето, а искусниот капитен не совлада ниту еден од голманите, вклучувајќи го Јан Облак кој му одбрани и пенал во продолжението.

Кристијано е број еден во ранкингот на играчи со најмногу удари без постигнат гол, а дел од нив ќе имаат шанса да ја прекинат негативната серија.

Роналдо досега има 20 удари кон противничките голови, а зад него се Ромелу Лукаку, Ламин Јамал и Маркус Тирам кои не успеале да реализираат по 11 удари.

Александар Митровиќ и Антоан Гризман се следни на листата со по 10 удари без ефект, со тоа што српскиот репрезентативец овој ефект го имаше по три натпревари во групната фаза.

На ранкингот на играчи кои реализирале барем еднаш, водат Килијан Мбапе и Каи Хаверц со 15 удари, додека Ден Ндоје и Хари Кејн упатиле по 13 удари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни