Свет
Кристијано му испрати порака на Хојлунд откако Данецот ја копираше фамозната прослава пред негови очи

Кристијано Роналдо нагласи дека никогаш не се чувствувал поразен по првиот натпревар во еден двомеч во било која конкуренција, па затоа не планира да се предаде во пресрет на вториот меч со Данска во четвртфиналето во Лигата на нации.
Португалија беше крајно инфериорна на „Паркен“ и вистинско чудо беше тоа што загуби само со 1:0, но овој резултат и тоа како ги остава во игра за вториот меч кој вечерва се игра во Лисабон.
Роналдо како капитен на Португалија најави дека тој и соиграчите веруваат во пресврт, меѓутоа пред новинарите ја коментирал и прославата на Расмус Хојлунд, со кога напаѓачот на Манчестер Јунајтед всушност го имитираше токму него.
Хојлунд прослави во стилот на Кристијано пред очите на славниот Португалец, но и самиот Роналдо е свесен дека Расмус не го направил тоа со лоша намера.
– Знам дека прославата на Хојлунд не беше знак на непочитување. Доволно сум паметен за да го сфатам тоа. Не е само тој, многумина спортисти во светот ја изведуваат мојата прослава.
– За мене тоа е чест, но за реваншот можам да му кажам само едно. Се надевам дека сега тој ќе гледа како јас ја изведувам мојата прослава, – изјави Роналдо во пресрет на дуелот кој се игра вечерва на „Жозе Алваладе“.
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Германија15 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…