Англија
Кристијано: Ме изненади она што го видов првиот ден по враќањето во Јунајтед, но изненадувањето беше непријатно!
Кристијано Роналдо повеќе од сигурно нема да се врати во Манчестер по крајот на мундијалот во Катар и доволен доказ за тоа е фактот што во интервјуто со Пирс Морган говори за поврзаноста меѓу себе и клубот како во минато време, што дефинитивно е јасен сигнал дека нема план да стапне на „Олд Трафорд“ по првиот дел од сезоната.
Втората етапа на Роналдо во Јунајтед ќе заврши навистина неславно и во крајно контроверзни услови, а причина за тоа е експлозивното интервју кое вчеравечер беше објавено ексклузивно на „Ток ТВ“.
И покрај тоа што беа споделени многу изјави од страна на новинарот Пирс Морган, мора да се напомене дека интервјуто е навистина сеопфатно, па со објавата на целосниот разговор, се откриваат и детали кои алудираат на тоа дека Португалецот е апсолутно разочаран од тоа што го видел во клубот по кам-бекот кој го направи пред 18 месеци.
– Да бидам искрен, кога потпишав за Манчестер Јунајтед, сметав дека многу работи се променети после цели 13 години во кои бев надвор од клубот. Бев девет години во Реал Мадрид, уште три во Јувентус и потоа пристигнав во Манчестер и сметав дека ќе наидам на нешто поинакво, сметав дека инфраструктурата и технологијата ќе бидат на завидно ниво.
– Бев изненаден, но непријатно изненаден. Се беше исто како и претходно, напредокот кој го направил клубот од заминувањето на Фергусон е еднаков на нула. Не видов никаква еволуција во клубот, ништо не беше променето. Изгледаше како времето да застанало за нив. Фергусон остави длабока трага во клубот, структурата која ја остави беше многу важна, но не верував дека ништо нема да биде променето после толку години. Јунајтед во овој момент не е на нивото на Манчестер Сити и Ливерпул, а ниту на нивото на Арсенал, – вели Роналдо.
-
НБА14 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија7 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Италија9 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА14 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија11 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Шпанија15 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП8 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија3 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)