Свет
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……

Кристијано Роналдо призна дека оставил тежок период зад себе поради болната разделба која ја имаше со Манчестер Јунајтед, со напомена дека целата таа епизода направила да стане подобар и посилен човек.
Славниот голгетер стана слободен агент откако го раскина договорот со клубот од „Олд Трафорд“ и направи трансфер во Ал Наср, па иако многумина го гледаа тој потег со големо потценување, Португалецот смета дека лигата во Саудиска Арабија веќе е доволно конкурентна, а за неколку години прогнозира дека ќе биде и меѓу топ пет во светот.
Роналдо во овој момент се насочува кон репрезентативните обврски откако доби повик од Роберто Мартинез, но од прес-конференцијата пред Лихтенштајн воглавно зборувал за првите импресии кои му ги оставило првенството во Саудиска Арабија.
– Лигата во Саудиска Арабија е многу конкурентна. Нема да ве лажам, не е силна како Премиер лигата, но морам да потенцирам дека сум изненаден, и тоа навистина позитивно.
– Квалитетот е добар и за пет, шест, или седум години, саудиската лига ќе биде четврта или петта најсилна лига во светот, – прогнозира Роналдо.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)