Кристијано е веќе минато во Реал: Последната фотографија од „Бернабеу“ е најдобар доказ за тоа (Фото)

ronaldo-boks

Кристијано Роналдо веќе беше потврден од страна на Јувентус како најзвучно засилување во летниот преоден рок, а во ситуација кога сите веќе го очекуваат официјалното претставување во Торино, Реал Мадрид веќе ги презема првите чекори со кои јасно става до знаење дека Португалецот е минато на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид во официјалното соопштение му се заблагодари на Роналдо за сето она што го направи во овие изминати девет години, но управата на клубот и одговорните луѓе веќе се насочени кон она што го носи иднината, а тоа е кој играч ќе биде негова замена во тимот и кој ќе го наследи дресот и шкафчето со број „7“.

Ова попладне во шпанската спортска јавност се прошири една фотографија која ја сподели клубот, а на истата се гледа дека од шкафчето со број „7“ веќе е избришан ликот на Роналдо во очекување на ново засилување кое според многумина ќе ги задоволи високите барања на фановите на Реал.

skafce-1

Facebook Коментари