Поврзете се со нас

Шпанија

Кристенсен потпиша за Барселона: Ова е остварување на сонот (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона пред неколку дена и соопшти на јавноста дека ја добија битката за потписот на Андреас Кристенсен, играч кој пак денеска ја имаше официјалната промоција во новата клупска средина.

Данецот изминативе години беше дел од Челси, клуб од кој се раздели откако му заврши договорот по што се реши да ја прифати понудата од Барселона и како слободен играч да потпише до 2026 година.

Кристенсен заедно со претседателот Жоан Лапорта беа главни на денешната промоција каде стоперот ги испрати првите зборови како член на шпанскиот великан.

-Здраво Кристенсен, ова е многу посебен ден во Барселона, ти благодарам за се што направи за да дојдеш тука. Кога Андреас имал 8 години на лист хартија напишал дека еден од неговите соништа е да игра за Барса. Сакаме такви играчи, -рече Лапорта по што збор имаше новиот стопер на каталонците.

-Многу сум горд, како што кажа претедателот долго време сонував за ова, уште како дете. Му благодарам на претсетдателот, потпретседателот Жорди и Матео што завршија добра работа и ова го овозможија. Остварување на сонот и со нетрпение очекувам да започна, -рече Андреас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни