Поврзете се со нас

Англија

Кристенсен одбива понуди од Премиер лигата, но си оди од Челси

Објавено

на

Данскиот репрезентативец, Андреас Кристенсен како што стојат работите нема да продолжи да игра во редовите на Челси.

Стоперот останува без договор по крајот на сезоната и голема е веројатноста следното лето да има нов клуб во кој би се преселил како слободен агент, веднаш штом неговиот договор со Челси дојде до самиот крај.

Како што пренесува Фабрицио Романо, Кристенсен имал понуди од најмалку два премиерлигашки клубови, меѓутоа истите ги одбил поради почит кон неговиот актуелен клуб.

Во моментов интересот за данскиот стопер е голем, а за него најмногу притискале Барселона и Баерн Минхен кои сакале да го видат во своите редови.

Се уште нема потврда дали Кристенсен би останал во Челси, од каде му нудат нов договор, но не според условите кои ги побарал играчот преку неговиот агент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни