Поврзете се со нас

Англија

Кристал Палас откри дека Матета добил 25 конци по хорор стартот на „Селхрст парк“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/CPFC

Жан Филип Матета вчера беше жртва на ужасен старт во ФА Купот и експресно мораше да го напушти теренот, или поточно, фудбалерот на Кристал Палас мораше да биде пренесен во болница.

Лијам Робертс стартуваше со отворена копачка во главата на Матета и му нанесе навистина тежок удар на противникот, па сосема очекувано, голманот на Милвол беше исклучен откако Мајкл Оливер ја прегледа цела ситуација со помош на ВАР.

Овој инцидент предизвика неколкуминутен прекин и донесе многу реакции во англиската јавност, но убедливо најдобра вест е онаа која вели дека Матета веќе е пуштен на домашно лекување.

Кристал Палас извести дека францускиот напаѓач ќе остане под мониторинг на лекарите на клубот во наредните неколку дена, а од целата немила ситуација ќе има и траен белег.

Имено, Матета добил 25 конци во пределот на увото, сето тоа како резултат на расекотината која ја добил од контактот со крампоните на противничкиот голман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни