Поврзете се со нас

Англија

Кристал Палас остана без важен играч до крајот на сезоната

Објавено

на

Рој Хоџсон добил разочарувачки вести по последниот настап на неговиот Кристал Палас, а се однесуваат на еден од најквалитетните играчи на лондонскиот тим.

Шеик Дукуре заработил сериозна повреда на ахиловата тетива и првите проценки се дека го очекува долга пауза, односно пропуштање на преостанатиот дел од сезоната.

Дукуре ја заработил повредата во победата над Лутон, а деталните прегледи покажале негативно сценарио за Хоџсон и неговиот стручен штаб.

Репрезентативецот на Мали стана еден од клучните играчи на Палас по трансферот од Ленс во јули 2022 година, а сега ќе мора да паузира околу шест месеци, – пренесуваат англиските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни