Поврзете се со нас

Англија

Кристал Палас „изненади“ со името на новиот менаџер

Објавено

на

Раководството на Кристал Палас донесе конечна одлука за името на новиот менаџер и изборот „изненадувачки“ падна на Рој Хоџсон.

Ветеранот се враќа на клупата на премиерлигашот и ќе го наследи Патрик Виеира, со кого Палас влезе во лоша резултатска серија.

Хоџсон го водеше лондонскиот клуб меѓу 2017 и 2021 година, а Палас во тие сезони завршуваше меѓу 11 и 14. место на табелата.

Минатата сезона, 75-годишниот стручњак седна на клупата на Вотфорд, но не успеа да го спаси овој тим од испаѓање од Премиер лигата.

Претходно, Хоџсон работеше и во ВБА, Фулам, а беше и селектор на англиската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни