Англија
Кристал Палас доведе по едно засилување од Арсенал и Челси
Кристал Палас се обидуваше да извлече што попозитивен ефект во последниот преоден рок во сенка на поголемите и побогати клубови, а на крајот се чини дека лондонскиот состав успеа добро да го надгради својот тим.
Палас во последниот ден од трансфер прозорецот го купи Еди Нкетија од Арсенал, а успеа да договори заем и со Тревор Чалоба од редовите на Челси.
Лондонските ривали ги прифатиле условите на Палас, а тоа посебно важи за Арсенал, кој го испрати Нкетија за 30 милиони фунти.
Повремениот англиски репрезентативец ќе може да очекува сериозна минутажа во новиот клуб, нешто што не беше реално кај „топчиите“, додека Чалоба беше целосно „замрзнат“ од Енцо Мареска и мораше да најде нова средина за да биде во конкуренција за настап во Премиер лигата.
Палас во последниот ден од преодниот рок обезбеди заем и за голманот Мет Тарнер, кој дојде од Нотингем Форест, а го купи и францускиот дефанзивец Максенс Лакроа од редовите на Волфзбург.
-
Италијапред 22 часа
Сари за клубот што сака да го води: Имам луд сон…
-
Светпред 23 часа
Симиќ меѓу најефикасните за Прат во Купот на Шпанија
-
Лига на шампионипред 22 часа
Ангеловски: Покажавме карактер и квалитет, горд сум на мојата екипа!
-
Балканпред 21 час
Мурињо за бомбастичното засилување на Галатасарај: Имам само еден проблем со него
-
Лига на шампионипред 20 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
Светпред 17 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 21 час
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
АТПпред 12 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)