Поврзете се со нас

Македонија

Криштопанс: Самсоненко ми остана должен, си заминав од Вардар за да…

Објавено

на

Летонскиот џин, Даинис Криштопанс од 2017 до 2020 година беше дел од најдобриот македонски клуб Вардар, тим со кој оствари многу успеси, освои титули, но неговата авантура во „црвено-црните“ предвреме беше прекината и поради финансиски причини.

Тој на текот на оваа сезона доби понуда од бундеслигашот Фуксе Берлин кој едноставно било решение за десниот бек за да не остане без ништо.

-Во Вардар ситуацијата стануваше се потешка и потажна, ветувањата не беа исполнети. Покрај тоа, се повеќе растеше улогата во клубот на Михајло Михајловски, тој пак беше повеќе загрижен за наредната сезона.

-Кога стигна понудата од Берлин одлучивме да одиме за да не останам без ништо за да сезоната не биде негативна во секоја смисла. Ама тоа пак се случи, -истакна Криштопанс кој посочи дека Вардар и Сергеј Самсоненко се уште му должат пари.

-Да, тие се должни. Ама има ветување од Самсоненко дека ќе го исплати целиот долг до крајот на годината. Се надевам така ќе биде, -рече Летонецот кој ја издвои првата година во Вардар како најтешка.

-Искрено за мене најтешка ми беше првата сезона. Јас бев единствен новајлија, а тимот претходно ја освои титулата во Лигата на шампионите, играше перфектно, -заврши Даинис кој во иднина ќе игра под тренерската палка на Раул Гонзалес во ПСЖ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни