Криштопанс ја потопи Словенија и обезбеди прво ЕП за Летонија (Видео)

kristopans-letonija

Даинис Криштопанс ја заврши сезоната на највисоко ниво, одигрувајќи ги веројатно и најдобрите натпревари во дресот на Вардар на фајнл-фор турнирот во Келн.

Во тој стил продолжи да ги реализира и репрезентативните обврски, откако вечерва и донесе победа на Летонија против Словенија во квалификациите за ракометното Европско првенство.

Летонците славеа пред своите фанови со 25:24, а Криштопанс постигнал неверојатни 13 голови или повеќе од половината погодоци на својата репрезентација. Досегашниот бек на новиот европски клупски првак го постигна голот за победа, а на спротивната страна голманот Кугис одбрани пенал на Словенците.

На спротивната страна, најефикасен бил Доленец со 8 голови, а Словенија и Летонија сега имаат по 8 бодови на врвот на табелата во својата група. Она што е поважно е што Криштопанс и неговите колеги го прославија првиот пласман на едно ЕП во својата историја.

Facebook Коментари