Поврзете се со нас

Европски првенства

Кришито му испрати порака на Пандев, Македонецот најави каков му е планот со Џенова

Објавено

на

Фото: ФФМ

Простувањето на Горан Пандев со дресот на македонската фудбалска репрезентација беше одбележано буквално сите најугледни светски медиуми, а нашиот досегашен капитен добива комплименти од сите страни и од многу свои досегашни соиграчи.

Еден од нив е капитенот на Џенова, Доменико Кришито, кој вчера преку својот Инстаграм профил објави фотографија со Пандев и неговите колеги од македонскиот национален тим и напиша што мисли за струмичанецот.

– Денеска ќе биде твојот последен натпревар во националниот тим. Покрај тоа што си голем фудбалер, ти си одлична личност, нема да ти аплаудираат само Македонците туку цел свет. Пандев ти си голема легенда и се надевам дека ќе ги делам соблекувалната и теренот со тебе и натаму, – напишал италијанскиот фудбалер.

Пандев експресно одговори во изјавата за „Скај Италија“.

– Му благодарам на Кришито, одигравме многу натпревари заедно, тој ми е како брат.

– Сега чекам повик од Џенова… Настрана шегата, сакам малку да одморам, а потоа ќе зборувам со клубот и ќе мора да пресечам. Клубот и тренерот секогаш ме поддржувале, сакам прво да одморам, а потоа и ќе ја донесам одлуката, – изјавил Пандев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Domenico criscito (@criscito)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни