Германија
Крими-драма: Екс играч на Шалке пронајден жив, четири години по објавата за негова смрт!
Фудбалските патишта понекогаш знаат да ни донесат приказни кои навистина одат од крајност во крајност и пркосат на реалните случувања во животот, а дефинитиво една таква сторија сега ни пристигна од Германија откако угледниот „Билд“ пренесе неверојатна вест.
Реномираниот германски магазин шокираше со објавата во текот на вчерашната ноќ, откако во своето електронско издание информираше дека е пронајден жив некогашниот талент на Шалке 04 кој беше прогласен за мртов пред четири години.
Екс младинскиот член на Шалке, Хјаник Камба е пронајден во рурската област во Германија четири години по објавата дека погинал во страшна сообраќајна несреќа во Конго, по што обвинителството веднаш започнало истрага.
Во дадениот случај, не се гони поранешниот фудбалер кој за мртов го прогласи и неговиот последен клуб (ВФБ Хулс), туку неговата некогашна сопруга која во изминативе четири години добивала паричен надоместок од шест цифри поради осигурување за нејзиниот починат маж.
Оваа луда фудбалски крими-драма се претвори во топ тема во Германија во последните неколку часа, а со изјава излезе и главната обвинителка која го води случајот на Камба кој инаку е идентификуван и пронајден во добра здравствена состојба.
– Обвинетата се гони за тешка измама. Таа ги демантира фактите, но се уште се води сериозна постапка против неа, – открива обвинителката Анет Милк за „Билд“.
-
Шпанијапред 17 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 21 час
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 18 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 20 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд