Поврзете се со нас

Свет

Крилото останува во Швајцарија: Поповски потпиша нов договор со Амичитија Цирих

Објавено

на

Поранешниот член на Вардар и Пролет, Мартин Поповски ја продолжи соработката со швајцарскиот прволигаш Амичитија Цирих.

Десното крило одлично се снајде во овој тим по доаѓањето во 2020 година, па за тие свое изданија, партии е награден со нов договор со важност до крајот на натпреварувачката 2023/2024.

-Многу сум среќен што ќе бидам дел од семејството на Цирих уште најмалку две години. Се надевам дека во овие две години ќе можеме да го направиме следниот чекор кон врвот на швајцарскиот ракомет. Големата доверба што Управниот одбор и стручниот штаб ја имаа во мене направи да биде лесна оваа одлука, -истакна Мартин.

И самиот клуб преку спортскиот директор Габор Вас не криеше дека е презадоволен што Поповски останува во оваа средина.

-Со своето меѓународно искуство, неговиот професионален однос и неговиот пријатен манир, Мартин е важна компонента во нашиот тим и одличен пример за многуте млади играчи во нашиот тим. Задоволство е што ќе остане во клубот уште две години, -порача Вас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни