Поврзете се со нас

Македонија

Крилото Блажески стави потпис на нов договор со Охрид

Објавено

на

Десното крило, Бобан Блажески и во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од составот на ГРК Охрид.

Тој се одлучи да ја прифати понудата од клубот што значи дека му останува верен на истиот со оглед на тоа што ќе му биде петта година во дресот на охриѓани.

„Гладијаторите“ во изминатиов период повлекоа доста потези, па така го задржаа тренерот Раде Стојановиќ, како и играчите Крсте Андоновски, Иван Тасески, Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ, Денис Тот, Никола Даниловски и Мартин Манасков.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни