Поврзете се со нас

АТП

Кирјос со нова провокативна изјава насочена кон Ноле: Федерер е поважен за тенисот од Ѓоковиќ

Објавено

на

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос уште еднаш го изнесе својот став поврзан со еден од неговите најголеми „душмани“, Новак Ѓоковиќ.

Кирјос овојпат се вклучи во дебатата за тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња, издвојувајќи го Роџер Федерер пред Новак Ѓоковиќ.

Федерер, Ѓоковиќ и Надал имаат по 20 Грен Слем титули, нешто што го нема никој друг тенисер во својата кариера.

И покрај изедначениот број трофеи, Кирјос смета дека швајцарскиот тенисер е многу поважен за тенисот од Новак Ѓоковиќ.

– За мене Роџер Федерер е најдобар на сите времиња. Ако се гледа чистата статистика, никој не е како Ноле, меѓутоа од агол на навивачите и спортото воопшто, мислам дека Роџер е далеку најважен тенисер, не само во оваа ера, туку на сите времиња, -изјави Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни