Кревањето товар ќе биде исфрлено од олимпиското семејство?

krevanje-tovar

Интернационалниот олимписки комитет наскоро може да објави дека кревањето товар ќе го загуби досегашниот статус на олимписки спорт и ќе биде тргнат од програмата уште од ЛОИ во 2020 година.

Оваа информација денеска ја објави турскиот весник „Ватан“ чии новинари се повикуваат на извор од ИОК, а главна причина за ваквото решение би биле големиот број допинг афери кои ги следат натпреварувачите изминатиот период.

Светската федерација требаше да претстави план за борба против допингот, но откако го проби рокот, во ИОК го губат трпението и негодуваат поради новите случаи на позитивни допинг тестови. Досега имаше информации дека кревањето товар речиси сигурно нема да биде на програмата на ЛОИ во 2024 година, но очигледно дека може да биде донесена порадикална мерка и тоа да биде елиминирано уште во Токио.

Facebook Коментари