Поврзете се со нас

Шпанија

Креспо на два пати останал пред прагот на Реал: Првиот пат ме блокираше Роналдо, а вториот….

Објавено

на

Ернан Креспо е прославен аргентински напаѓач кој одбележа една навистина убава ера во фудбалот во првата деценија на новиот милениум, а од интернационалната кариера, посебно се паметат неговите изданија во дресовите на Парма, Лацио, Интер, Челси, Милан и Џенова.

Повеќе од јасно е дека Креспо своите најубави играчки години ги мина на Апенините, но ако Италија беше земјата во која фудбалски се етаблираше, може да се каже дека Шпанија е земјата која остана негова неостварена желба.

Веќе одамна познато е дека Креспо во 2002-ра година бил на чекор од трансфер во Реал Мадрид, но сега самиот откри дека и вторпат останале пред прагот на „кралскиот клуб“, откако Флорентино Перез одлучил да го ангажира Зинедин Зидан за помошник на Анчелоти.

– Навистина сакав да одам во Шпанија, но едноставно не се искористија укажаните шанси. Во 2002-ра година се беше подготвено за трансфер во Реал, но исто и за во Интер. Кога Роналдо замина во Реал, јас отидов во Интер. Тоа беше првата блокада.

– Втората пристигна со Анчелоти. Не требаше да бидам дел од неговиот стручен штаб, туку надворешна личност која ќе работи директно за него. Бев со него во Валдебебас, требаше да почнам да работам со него, но тогаш претседателот го избра Зидан, – открива Креспо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни