Поврзете се со нас

Италија

Креспо му испрати јасен совет на Лаутаро: Тој веќе е во голем тим…

Објавено

на

Легендарниот аргентински напаѓач, Ернан Креспо му испрати директен и јасен совет на неговиот сонародник Лаутаро Мартинез кој се поврзува со трансфер во Барселона.

Лаутаро во актуелнава кампања беше еден од најдобрите играчи на Интер, даде 16 голови на 31 натпревар со што дополнително го привлече вниманието на останатите големи европски клубови, а во прв план шпанскиот шампион кој сака да го донесе како наследник на Луис Суарез.

Веќе подолго време се говори на оваа тема, се споменуваат одредени понуди за тоа како би можела да се реализираа оваа зделка, но според Креспо најдобро за Мартине ќе биде да остане на „Џузепе Меаца“.

-Поради илјада причини би сакал Лаутаро да остане во Интер. Тој веќе е во голем тим и ако биде вака добар во следните две три години ќе биде многу добро. Мора да живеете со тој притисок да мора да играте постојано на тоа ниво. Потребно ви е рамнотежа што можете да ја добиете само ако останете на истото место. Ми се чини дека би било добро да остане во таа смисла. Тој е млад и има многу промени. Ова беше негова прва година како стартер, тој го заработи тоа и сезоната не ни заврши, -истакна Креспо за „Гол“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни