Поврзете се со нас

Италија

Креспо му испрати директен совет на Лаутаро: Би сакал да…

Објавено

на

Прославениот аргентински напаѓач, Ернан Креспо проговори за неговиот сонародник Лаутаро Мартинез и можноста тој во текот на наредниот преоден рок да си замине од Интер и пресели во Барселона.

Лаутаро одигра одлично во актуелнава кампања и даде 16 голови на 31 натпревар и со тоа ја натера Барселона да го стави во прв план, како прва трансфер цел за следната кампања. Медиумите многу говорат на оваа тема, се споменуваат одредени понуди, меѓутоа Интер веќе порача дека бара високи 111 милиони евра, поточно само со активирање на откупната клаузула ќе дозволат негово заминување.

Според Креспо пак за Мартинез ќе биде најдобра опција барем уште една сезона да остане на „Џузепе Меаца“.

-Јас би сакал тој да остане во Интер затоа што ова му беше прва година како стартер. Посакувам тој да има малку повеќе од солидна основа пред да дојде друга промена. Возовите забавуваат на најдобрите станици и Лаутаро е еден од нив.

-Тој е многу сериозно и фокусирано момче. Навистина ми се допаѓа тоа што има карактер. Лаутаро е комплетен играч кој може да игра сам во нападот и придружуван од друг напаѓач, -порача Креспо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни