Кремс убедлив, Митков меѓу најдобрите

mirkov-krems

Искусниот македонски бек, Влатко Митков и оваа натпреварувачка сезона настапува во Австрија во дресот на Кремс каде одново го покажува својот квалитет и класа.

На денешната средба од 10. рунда меѓу Кремс и Брук славеа домаќините со 33-25 во меч во кој меѓу најдобрите беше Митков. Влатко постигна шест голови и беше втор стрелец зад Шопф со 7 голови со тоа што четири од нив беа од седмерци.

Единствено попрецизен од нив беше Фриц со 8 голови, ама во спротивникот табор.

Кремс со седум победи и три порази е на третото место на табелата.

Facebook Коментари