Кремонезе се одбрани од Несторовски, но не и од Палермо кој е нов лидер во Серија Б

ile

Палермо е нов лидер во италијанската Серија Б откако денеска славеше на тешкото гостување кај директниот ривал за висок пласман Кремонезе, со резултат 2:1.

Илија Несторовски беше повлечен дури во судиското надополнување, па иако домашните играчи успеаја да се одбранат од македонскиот репрезентативец, головите на Рисполи и Чочев беа доволни за големи три бода и прво место на табелата.

Ова е прва победа на Палермо сезонава во која Несторовски не постигнал гол, а прекината е и серијата од три натпревари по ред на кои Македонецот се запиша во листата на стрелци.

Табела: Палермо 25, Фросиноне 24, Венеција 24, Парма 23, Кремонезе 21

Facebook Коментари