НБА
Креаторот на „Дрим-тимот“ на тема „Џордан и Томас“: Мајкл никогаш…
Легендата на Детроит Пистонс, Ајзеа Томас пред неколку денови призна дека се уште му е тешко што не беше дел од дрим-тимот на САД кој настапи на ОИ во 1992 година, но и дека ќе биде уште поразочаран ако причината за тоа е Мајкл Џордан, поточно фактот што тој и соиграчите не им подадоа рака на играчите на Чикаго Булс кога беа уништени во 1991 во конференциското финале на Истокот.
Долги години се зборува дека Џордан бил тој што го „избришал“ Томас од репрезентацијата, дека не сакал да игра заедно со него, но дали е тоа вистината ако се земе во предвид последната изјава на Роб Торн кој долги години беше извршен директор во НБА кој воедно одигра и клучна улога во составувањето на супер тимот за 1992 година.
-Во моите разговори со Џордан никогаш не се споменувал Ајзеа Томас, крај. Тој рече, ова ќе го направам. Името на Ајзеа никогаш не било спомнато, -вели Торн.
-Ако тоа се случило, тоа било со некој друг. Ништо не ми кажа за него и воедно немаше причина да го спомнувам, -дополнува Роб кој сепак нема одговор зошто лдиерот на „Лошите момчиња“ не се најде во националниот тим.
-Тоа е добро прашање, затоа што Ијзеа беше одличен играч, фантастичен играч. Имаше некои контроверзии со Пистонс во врска со тоа што не се ракуваа со играчите на Чикаго, очигледно имаше лоша крв. Но, кога завршивме со првите 10 момци, тој не успеа да да влезе во тимот, -заклучи Торн кој не заборави да ги спомене Доминик Вилкис, Реџи Милер и Џејмс Ворти кои исто не влегоа во составот за ОИ.
-
Англијапред 12 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 12 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 22 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Играчите на Галатасарај подготвиле специјален пенал, Икарди се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него