„Кражба“ за која зборува цела Америка: Реакциите на Јанис и Тако Фол откако Гордон остана без трофејот за забивање (Видео)

gordon-tako

Арон Гордон беше прилично разочаран од одлуката на судиите кои му ја дадоа победата на Дерик Џоунс Јуниор во натпреварот во забивање, а воедно цела Америка говори за „кражбата“ која неправедно му беше направена на играчот на Орландо Меџик.

Дерик стигна до победата дури по неколку продолженија, но навистина несфатливо е тоа што на Гордон судиите му дадоа само 47 поени во ситуација кога заби преку највисокиот играч во лигата, Тако Фол. Гордон го заврши натпреварувањето со еден бод помалку од противникот, а тоа ги остави во шок сите присутни во салата во Чикаго, а дека стануваше збор за голема неправда најдоброто ни говорат реакции на самиот Тако Фол и Јанис Адетокумбо. По крајот на драмата, Гордон самостојно изјави дека веќе никогаш повеќе нема да се врати во натпреварувањето за забивање, разочаран од одлуката на судиите.

Facebook Коментари