„Кражба“ во последен час: Ги мина медицинските прегледи со ПСЖ, но заврши на промоција во Барселона (Видео)

beri-barsa

Англиската јавност веќе извесно време го најавува Луи Бери како најголем талент во младинските категории на Островот, а сега суперталентираниот напаѓач кој има само 16 години предизвика многу реакции во јавноста поради збрката која ја предизвика.

Имено, надежниот голгетер беше на медицински прегледи во Париз и ги мина истите со ПСЖ, но сепак подоцна замина на промоција во Барселона, клуб кој во последен час изрежира голема фудбалска кражба за најталентираниот англиски тинејџер. „Ројтерс“ јавува дека Вест Бромвич Албио ќе заработи 235 илјади евра од трансферот на својот млад фудбалер, додека челниците на Барса се покажаа како поитри во дадената ситуација, претекнувајќи го ПСЖ кој сметаше дека работата е завршена.

Бери во новата сезона ќе биде дел од Б тимот на Барселона, а планот е постепено да добива шанса за тренинг со играчите од првиот тим.

Во продолжение, еден од најатрактивните и луцидни голови со кој Бери го сврте вниманието на себе….

Facebook Коментари