Поврзете се со нас

Англија

Крауч со интересен коментар по поништениот гол на Мегваер: Немаше да имам многу голови …(Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед вчера славеше минимална победа од 1:0 на гостувањето кај Барнли, а истата можеше да биде изразена со поголем резутлат доколку главниот судија на натпреварот, Кевин Френд го признаеше погодокот на Хари Мегваер.

Стоперот на Манчестер Јунајтед пред крајот на првото полувреме постигна гол со глава, но Френд по консултација со ВАР судиите го поништи тој погодок.

По натпреварот, тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека голот не би требало да биде поништен, а со таков став беше и Питер Крауч.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул на својот Твитер профил направи интеренса споредба и напиша дека доколку тоа на Мегваер се судело како фаул, тој ќе останел без половина од своите постигнати голови во кариерата.

– Не сум сигурен дека ќе имав толку голови зад моето име ако се судеше тоа што му се досуди на Мегваер, -напиша Крауч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни