Поврзете се со нас

Англија

Крауч посочи што може да биде најголем проблем за Алонсо во Ливерпул: Добро го познавам…

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Чаби Алонсо е еден од главните кандидати за нов тренер на премиерлигашот Ливерпул кој ќе остане без својот предводник Јирген Клоп по крајот на актуелнава сезона.

Клоп скоро една деценија е на клупата на „црвените“, период кој беше повеќе од успешен за клубот, период во кој Германецот доста се потроши емотивно и физички, па одлучи дека е време за пауза, одмор од фудбалот, да се одвои време за себе пред да му се врати на занаетот во иднина.

Алонсо со својата одлична работа во Баер Леверкузен се наметна, промовираше на големата сцена и „црвените“ во него гледаат човек кој може да ја продолжи успешната мисија. Останува да се види дали ќе се дојде до договор, заеднички јазик, но во меѓувреме вестите се тука и Питер Крауч како поранешен играч на Ливерпул и човек кој го знае Чаби посочи една работа која го загрижува кога е во прашање оваа можна соработа.

Тој смета дека овој ангажман да доаѓа многу рано за Шпанецот, односно доаѓањето на позиција по Клоп е дефинитивно тешка задача и мисија.

-Мислам дека е најдобар кандидат. Тој направи неверојатни работи во Леверкузен, одвнатре го познава клубот [Ливерпул]. Играв со него, го познавам. Тој е фантастична личност, многу студиозен, секогаш поставуваше прашања и се знаеше дека ќе биде менаџер. Но е многу рано, ова е огромен клуб и мора да го следите Јирген Клоп. Само времето ќе покаже, -порача Крауч.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни