Крауч откри луд картинг инцидент пред големото финале во ЛШ: Морав да бирам кого ќе прегазам

krauc-kajt

Питер Крауч пред извесно време откри една навистина интересна анегдота поврзана за неговиот поранешен соиграч Роберт Просинечки со кого ја делеше соблекувалната во Портсмаут, а сега дополнително го привлече вниманието откако обелодени една неверојатна анегдота поврзана за големото финале во Лигата на шампионите во 2007 година.

Ливерпул во истото ги одмери силите со Милан во реприза на големото финале од Истанбул, а Крауч открива дека на овој меч му претходела една несекојдневна случка во која требал да бира кој соиграч да го прегази.

– Се сеќавам дека бевме на миниподготовки во Португалија и остануваше само уште една недела до големото финале во Лигата на шампионите. После еден тренинг, не однесоа на картинг тест. Се качив во картингот и стискав на гас се до точката каде се превртев. Си помислив, ќе закочам сега, но проблемот беше што сопирачките не функционираа. Пред мене беа Чаби Алонсо и Кајт кои го гледаа моето возење надвор од патеката. Тогаш морав да бирам и си помислив… Кој е повреден за тимот? Во следната секунда одлучив да го изберам Кајт, кој за среќа скокна доволно високо со нозете и успеа да ме избегне. Јас бев испаничен, се фрлив од картингот и истиот заврши во заштитната ограда, – открива актуелниот напаѓач на Стоук.

Инаку, само за потсетување, споменатото финале го доби Милан со 2:1, а почесниот гол за Ливерпул го постигна токму Кајт.

 

Facebook Коментари