Крауч го откри најнеобичниот порок на еден свој соиграч: Пушеше цигари и додека се тушираше!

krauc-nasmean

Питер Крауч промени многу клубови во Премиер лигата во досегашниот тек на својата кариера, а тоа му овозможи да се соочи со најразличен тип на луѓе и карактери од секое поднебје, вклучувајќи го и ова нашето на Балканот.

Актуелниот напаѓач на Стоук во интервјуто за магазиот „FourFourTwo“ направи една интересна ретроспектива на сето она што го доживеал во соблекувалните во сите различни тимови за кои настапуваше, а како што вели самиот, најлудото сеќавање за еден негов соиграч му доаѓа од Портсмаут, односно од деновите кога во сезоната 2001/02 ја делеше соблекувалната со балканската фудбалска легенда, Роберт Просинечки.

– Просинечки имаше порок кој беше навистина необичен. Тој едноставно не се одвојуваше од цигарите. Пушеше пред натпрварот, на полувремето, додека се тушираше и по крајот на мечот. И тоа црвено „Марлборо“, – се потсетува Крауч кој во продолжение дава и искрена изјава за фудбалските квалитети на неповторливиот Хрват.

– Мислам дека постигнав 19 голови таа сезона, а речиси секој ми беше сервиран на тацна од него. Не зборуваше многу, но разбираше многу повеќе фудбал отколку што оставаше впечаток. Со него можевте да зборувате и тој одговараше совршено на англиски, но кога ќе му речевте да се врати во одбрана, тогаш се правеше дека не разбира, – низ смеа додал корпулентниот англиски напаѓач.

Facebook Коментари