Поврзете се со нас

Македонија

Кратово останува неосвоива тврдина за Работнички, Брегалница со пресврт до победа во Струмица

Објавено

на

Поради обврските во Европа, ФФМ ги ослободи Шкупи и Шкендија во првото коло во македонското фудбалско првенство, па денешната неделна програма во воведната рунда беше доста поскромна од вообичаеното.

На фудбалските терени во нашата земја се одиграа два меча, а домаќините имаа половичен успех, бидејќи Силекс ја одбрани својата тврдина, но Академија Пандев загуби во Струмица.

Теренот во Кратово уште еднаш се покажа како неосвоив за Работнички и „романтичарите“ загубија со резултат 2:0, па така проектот на тренерот Калц стартуваше со неуспех.

Силекс двата гола ги постигна во второто полувреме и стрелци беа Љамалари и Стојчевски, додека два гола во вторите 45 минути видовме и во Струмица.

Тоа беше доволно за Брегалница да направи пресврт против Академија Пандев, која не успеа да извлече профит од голот на Јоковиќ во првото полувреме. Додев со ремек-дело израмни на 1:1 во 57-та минута, а Ристевски го комплетираше пресвртот во 62-та за победа на Штипјани од 1:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни