Поврзете се со нас

Македонија

Кратко траеше приказната со Вардар: Кудуз се врати во Динамо Букурешт (ФОТО)

Објавено

на

Хрватскиот интернационалец, Анте Кудуз повеќе не е член на македонскиот шампион Вардар, односно неговата старо-нова средина е Динамо Букурешт.

Клубот од Романија се пофали дека го обезбедил левиот бек кој да потсетиме дојде во таборот на вардарци пред почетокот на оваа сезона.

Хрватот требаше да претставува големо засилување за „црвено-црните“, но не успеа да се вклопи, имаше доста проблеми и даде само 13 голови во Лигата на шампионите.

-Се вратив, -кратко само порачал Кудуз кој со Динамо договорил двеипол годишна соработка.

Ова можеби е најава за поголеми промени во Вардар кој да не заборавиме има нов тренер во името на Давид Дејвис Камара.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни