Поврзете се со нас

Италија

Кратко траеше приказната: Канаваро си заминува од Удинезе

Објавено

на

Фабио Канаваро ја оствари целта и успеа да му обезбеди опстанок на Удинезе во Серија А, но ова не беше доволно тој да остане во Удине.

Имено самиот клуб и Канаваро ја потврдија разделбата по само шест натпревари вкучувајќи го тука и оној прекинатиот со Рома.

-Претседателот Поцо денеска ми ја соопшти одлуката на клубот да не го продолжиме нашиот професионален однос. Му благодарам за укажаната можност и жалам што не можев да го продолжам ова кратко, но интензивно патување, кое во последните месец и половина од сезоната не доведе до голем и возбудлив потфат.

-Би сакал да истакнам дека од моја страна ќе постоеше желба да ја продолжам оваа авантура на Фриули, земја која влезе во моето срце, како и во нејзините луѓе, и поради оваа причина безусловно му се ставив на располагање на клубот. Му посакувам на клубот, на играчите и на прекрасните навивачи на Удинезе најдобри успеси, -порача Фабио на социланите мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни